За првомајските и велигденските празници сите ќе летнат за Грција и Европа

За велигденските празници голем дел од нашите граѓани ќе заминат за Грција. Од туристичките агенции кои ги контактираше весникот ВЕЧЕР велат дека има интерес и за туристичките тури низ Европа, но сепак најголем интерес има за Грција. За велигденските и првомајските празници ќе се спојат повеќе неработни денови, а и поради топлото време мал број граѓани ќе останат во државата. Од агенциите велат дека цените за хотелско сместување се движат од 100 евра па нагоре на база на полупансион, а за турите низ Европа цените изнесуваат од 500 евра по човек за четири ноќевања

3913

За велигденските празници голем дел од нашите граѓани ќе заминат за Грција. Од туристичките агенции кои ги контактираше весникот ВЕЧЕР велат дека има интерес и за туристичките тури низ Европа, но сепак најголем интерес има за Грција. За велигденските и првомајските празници ќе се спојат повеќе неработни денови, а и поради топлото време мал број граѓани ќе останат во државата. Од агенциите велат дека цените за хотелско сместување се движат од 100 евра па нагоре на база на полупансион, а за турите низ Европа цените изнесуваат од 500 евра по човек за четири ноќевања.

-Има голем интерес за патување за празниците, бидејќи се спојуваат повеќе неработни денови голем дел од граѓаните ќе заминат за Грција. Инаку во овој период највеќе се бараат хотелски аранжмани, бидејќи голем дел од апартманите не се отворени и се подготвуваат за летната туристичка сезона. Цените на хотелите се повисоки од лани за 30 до 40 отсто, но и апартманското сместување е поскапено. Така во хотелите со 3 и 4 ѕвездички ќе платите 120 евра од соба со појадок и вечера, велат за весникот ВЕЧЕР од една туристичка агенција.

Оттаму додаваат дека за престојните празници имаат понуди и за подалечните дестинации како Египет, Турција, Тунис, но сепак поголем дел од македонските граѓани се одлучуваат за Грција поради тоа што температурата и таму е над 30 степени и може да се бањаат, а и поблиску е и цените се поприступачни.

– Освен за Грција има интерес и за организирани тури низ Европа. Најчесто тоа се авионски тури и во зависност од дестинацијата една тура чини од 500 евра по човек па нагоре. Најевтини се турите за Рим, а за другите европски држави цените се движат по 700 до 800 евра по човек за четири ноќи. И за Грција има голем интерес цените за 3-4 ноќи се движат од 300 до 400 евра за полупансион со појадок и вечера. Апартманското сместување е поевтино, но мал дел од апартманите ќе бидат отворени за празниците, велат од една скопска туристичка агенција.

Статистичките податоци покажуваат дека во Грција во последно време е забележана повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а тоа се однесува и на сместувањето и на храната.

Македонските туристи – на пример, во некогаш малото рибарско село до Неа Потидеа, кое сега е топ дестинација поради близината до Солун за гиро ќе треба да платат 4 евра, а доколку ви го послужат како оброк во чинија, со прилози и без тортиља ќе ве чини 7 евра. Аперол на плажа чини 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Мало пивото е 4,5 евра, додека цените на печивата во голема мера останаа исти.

Податоците покажуваат дека последниве години најмногу се зголемени цените на апартманското сместување. На пример, двокреветен стан во Никити, на почетокот на јуни чини 278 евра по лице, додека цената во сезона на крајот на јули и првата недела од август е двојно повисока и изнесува 588 евра.

Цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. За 10 дена на почетокот на јули треба да одвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.

Во Сарти на пример цената се движи од 258 евра по лице во втората недела од јуни, до 438 евра за истиот период два месеци подоцна. Во јули и август цените во Неос Мармарас одат и до 780 евра за изнајмување на апартман.

Поради тоа многумина ќе размислат дали тие пари ќе ги дадат за да изнајмат апартман или ќе платат неколку евра повеќе за сместување во убав хотел со појадок.

(А.С.)