За помалку вештите домаќинки: Универзално тесто без месење – состојките само се мешаат, идеалнo за домашни кифлички

2638

Универзалното тесто е практично, а одлично е што не се меси, па лесно се прави.
Многу домаќинки избегнуваат да го месат тестото, но тоа не мора да биде комплицирана процедура ако го следите секој чекор. Од тестото се прават солени и слатки печива, а доколку не сте вешта домаќинка, го имаме совршениот рецепт за вас.
Направете универзално тесто со неколку состојки, а најдобро е што не мора да месите, само состојките се мешаат. Од универзалното тесто можете да подготвите што сакате.

Состојки:
1/2 чаша млеко
околу 70 гр брашно
прстофат сол
1 јајце

Рецепт за универзално тесто:
Одделете ги жолчките и белките, а потоа ставете ги белките во фрижидер. Во млекото додадете ги жолчките и измешајте. Изладените белки се матат со прстофат сол, па се додава просеаното брашно. Нежно измешајте, па истурете го млекото од жолчката и повторно добро измешајте. Универзалното тесто можете да го користите за да направите печива по ваша желба.