Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со Џони Деп, Вил Фарел, Џон Траволта, Брус Вилис се номинирани за најлоша машка филмска улога .
Трамп е „удостоен“ со две номинации за „златна малина” – за појавување во документарците „Смртта на една нација“ на Динеш Д’Соуз и „Фаренхајт 11/9″ на режисерот Мајкл Мур, како и во категоријата „Најлоша филмска двојка”. Неговата сопруга Меланија Трамп, исто така, е номинирана за „Најлоша споредна женска улога”, исто за филмот на Мур.
Во веројатно најнепријатната категорија – онаа за најлош филм, ќе се натпреваруваат биографскиот „Готи” со Џон Траволта, комедиите „Среќни убијци” и „Холмс и Вотсон”, засега последната екранизација на „Робин Худ” (со Тарон Еџертон и Џејми Фокс) и хоророт „Винчестер”.
Номинирани за најлоша женска улога се Џенифер Гарнер, Амбер Хард, Мелиса Меккарти, Аманда Сеејфрид и Хелен Мирен. Овогодишното 39-то издание на Наградите златни малини, ќе се одржи на 23 февруари, ден пред „оскарите“.