Кралицата на поп музиката Мадона, би можела да заработи три милиони долари за „тезга“ на свадба. Мадона доби понуда да направи спектакл на свадба на кинески милијардер во Шангај и тој е подготвен да го плати овој неверојатен износ.
Од неа се очекува на свадбата да се појави во вечерните часови и да одржи шоу од час и половина.
Младите имаат само едно барање од пејачка, доколку ја прифати понудата, а тоа е да имаат целосна слобода сами да го состават репертоарот на хитови кои Мадона би ги пеела.
Менаџерите на Мадона оваа понуда ја оставиле отворена додека таа самата не одлучи дали ќе ја прифати или не.