За извлекување на заглавените патници кај Леуново и Никифорово испратено е специјално возило

9

Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на територија на општина Маврово – Ростуше.

Патните правци на Мавровското Езеро, како што појаснија од ЦУК, биле под ингеренции, дел на Јавното претпријатие за државни патишта и дел на Општината.

Од ЦУК подвлекоа дека сите кои бараат помош на бројот 112, нивните пријави заедно со локација, веднаш преку секторот за операции и координација, се пренесуваат и до надлежните државни или општински служби, за да дејствуваат по повиците.

Претходно, од 112 во 13:05 часот добиено е известување дека по трет пат се јавиле службените лица од ТППЕ Гостивар кои се заглавени со службеното возило помеѓу Хотел Радика и Бунец, Според јавувачот сеуште нема пристигнато возило за да им помогне да ги извлече, Според него со нив се и околу 20-тина други коли кои се заглавени од рано утрото. Баарат од страна на Македонија Пат да интервенираат со механизација за да се исчисти патот, а исто така бараат од Полиција да ги застанат колите бидејќи само се зголемува гужвата.

РЦУК Тетово известува дека по извршениот контакт со пријавителот, добиле информација дека на местото на настанот пристигнало возилото од Македонија Пат, но поради капацитетот не е во можност да ги одглави заглавените возила.

РЦУК Тетово направиле контакт со одговорното лице од Македонија Пат, секција Маврово кое ја потврдило информацијата и известило дека моментално чекаат поголема машина-Фреза со која би требало да успеат да ја нормализираат состојбата со патниот правец и да ги одглават заглавените возила. Истиот нема прецизни информации за точното време кога ќе стигне машината за што дополнително ќе извести.