За играчите помала плата, а за сопругата кола од 155.000 евра

237

Англискиот второлигаш Бурнемаут е главна тема во сите британски таблоиди, а главната улога ја има извршниот директор, Нил Блејк, кој на својата сопруга Алесија, и подари нов автомобил – „Бентли“, кој чини 155.000 евра.

Проблемот лежи во тоа што како и останатите англиски клубови и Бурнемаут е финансики погоден од пандемијата со коронавирусот и веќе има побарано помош од државата. Исто така стручниот тим и играчите веќе го прифатија барањето да имаат помала плата во следниот период.

За подарокот се дозна откако Алесија објави неколку фотографии од автомобилот на својот инстаграм профил, а откако таквата информација беше пренесена од сите британски таблоиди, атрактивната Русинка го заклучи својот профил.

Сосема очекувано, клубот се најде под силен притисок од најверните фанови, а се очекува и реакција од сопственикот, рускиот бизнисмен, Максим Демина. Истите медиуми открија дека од 2013 година, раководните лица во клубот си ја зголемиле платата за неверојатни 876%.

Брурнемаут е моментално второпласиран на првенствената табела и има реални шанси да се врати во Премиер лигата по пауза од само една година.