Текстилците се охрабруваат да пријават неисплата на К-15, објаснуваат од штипското здружение „Гласен Текстилец“. Во јануари годинава, до нив се пристигнати 100-тина пријави од работници, најголем дел не се анонимни.
Работодавачите лани не исплаќале или платиле минимални суми за регрес на годишен одмор од 100 до 500 денари. Ова е последица на тоа што фирмите пријавуваат загуба, а не е утврден минималниот износ кој мора да го исплатат.
До средината на месецов ќе се знае колку газди се казнети.