За децата со аутизам реализирани активности преку проектот „Уметноста, јазикот со кој зборуваме сите“

71

Невладината организација „Пурпура“ од Тетово и нивниот центар за аутизам „Летај за живот“ периодов спроведуваат неколку активности во рамки на проектот „Уметноста, јазикот со кој зборуваме сите“. Станува збор за работни активности на вработените психолози и настани за децата со аутизам посетители во центарот.

Главна активност од проектот беше изложба на 15 слики во Центарот за култура со тема Спектарот на аутизмот, создадени од уметникот Невзат Бејтули-Кица. Доминираа сината боја и сложувалките кои се симбол на децата со аутизам. Дел од проектот беа дуо-концертот на Шклезен Пајазити и Шклезен Бафтијари, стенд-ап комедија на актерот Хашим Мемиши. Од работните активности дел од проектот беше регионална средба на здруженија и родители на деца со аутизам од повеќе земји во Тетово, информираат од Центарот за аутизам.

Оттаму најавуваат дека во наредниот период ќе бидат организирани и две театарски претстави во Центарот за култура.

Овој центар почна со работа во јуни 2019 година, каде со децата со аутизам работат обучени терапевти-психолози.

Извор:МИА