За Денот на вљубените: Популарни музички теми со Филхармонијата

39

Популарни музички теми, инструментални и вокални композиции од познати филмови ќе бидат изведени во рамките на концертот насловен “Моја љубов”, што Македонската филхармонија ќе го одржи на 14 февруари, за Денот на вљубените.

Публиката ќе има можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните пејачи Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, како и филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота, Крег Армстронг, Геби Верлор (“Малена”, “Ромео и Јулија”, “Високи потпетици”).

Ќе бидат изведени и композициите на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години стекнаа светска популарност. Оркестарот ќе го води диригентот Борјан Цанев, а композиторот Владимир Николов специјално за концертот направи оригинални оркестрации.

На сцената ќе ги видиме солистите Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон). Музиката ќе биде збогатена со танц и кореографија на Ивана Коцевска и Јована Зајкова и со уникатен светлосен дизајн