За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk . Како што информираат од Министерството за здравство со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени ризичните групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица, како и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица
-Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, информираат од Министерство за здравство.
Годинава набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип, кои што се наменети за бесплатна вакцинација.Имунизацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на октомври.
Граѓаните што се регистрирани во системот Мој Термин преку смс ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.