За време на посетата на Зеленски на Берлин: Шолц ѝ вети на Украина уште 1,4 милијарди евра помош

65

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави нова воена помош за Украина и помош за обнова на сериозно оштетената енергетска инфраструктура во земјата, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин.

„Германија и дава најсилна воена поддршка на Украина во Европа. Така и ќе остане, ве уверувам во тоа“, рекол Солц примијќи го Зеленски, кој европската турнеја ја заврши во Германија, пренесува „Политико“.

Воената помош од 1,4 милијарди евра беше собрана од различни извори, вклучително и неискористени федерални пари и меѓународни иницијативи за собирање средства, а Шолц истакна дека Белгија, Данска и Норвешка, исто така, помогнале да се обезбеди нова помош.

Пакетот ќе вклучува системи за воздушна одбрана „Скинек“, противвоздушни пушки „Гепард“, тенкови и хаубици, заедно со оклопни возила, беспилотни летала, радарски системи и артилериски гранати, рече Шолц и вети околу 170 милиони евра за финансирање на енергетскиот систем на Украина.

Зеленски дојде во Берлин за да му го претстави својот победнички план на Солц и да го убеди да обезбеди нова воена помош, за која украинскиот лидер вели дека е потребна за да ја принуди Русија на мировни преговори.

Зеленски во претходните 24 часа се сретна и со лидерите на Велика Британија, Франција и Италија, како и со новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте.

Целта на Зеленски е да обезбеди што е можно повеќе воена помош пред ноемвриските избори во САД, кои би можеле да го вратат Доналд Трамп на власт.