За време на митинг во Детроид: Поради дефект на микрофонот, Трамп 20 минути шеташе на бината во молк

46
Фото: EPA-EFE/DIEU-NIALO CHERY

Доналд Трамп шеташе околу бината во тишина речиси 20 минути во петокот вечерта за време на митингот во Детроит бидејќи му се расипа микрофонот.

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД ја започна една од своите омилени теми, тарифите, кога разгласот замолкна, а тој залудно го чукаше микрофонот со прстот.

Неговите поддржувачи скандираа „САД“ и „Го сакаме Трамп“, а Трамп само шеташе на бината без микрофон“. Изгледаше изнервирано, повремено вртејќи го грбот кон публиката.

Ова е втор пат за една недела негов митинг да биде прекинат. Претходниот пат, во понеделникот, говорот на Трамп беше прекинат и се слушаше музика додека на неколку луѓе од публиката им беше пружена медицинска помош бидејќи салата беше задушувачка и жешка.

Овој пат се чинеше дека Трамп нема што да прави, стоеше немо, а на екраните беа прикажани пораките „Технички тешкотии“ и „Комплицирано е“.

Трамп се занимава со техниката на неговите митинзи, често коментирајќи на микрофони и телепромптери.

Во петокот водителите на „Фокс и пријателите“ се пошегуваа дека Трамп сака да го прилагодува осветлувањето кога