Во контекст на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот КОВИД-19, Општина Кисела Вода обезбеди мобилен тим кој ќе им помага на ранливите категории граѓани за време на викендот.
Имено, во сабота и недела, во периодот од 9 до 13 часот, лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот број 072/314-976
Услугата е обезбедена од страна на Општина Кисела Вода и доставата ќе биде бесплатна.
За време на викендот, односно во сабота и недела, дежурна аптека ќе биде аптеката “Зегин”- Драчево 1, лоцирана на ул. Димитрија Чуповски бр. 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 7:30 до 15 часот.
Сакаме да ве известиме и дека Општината работи со изменето работно време-од понеделник до петок, од 8 часот до 13 часот.