Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона со големо внимание ја следат ситуацијата околу најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Вилфред Заха. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе може да се пресели на „Ноу Камп“ без никакво обештетување.