Захарова: Кој ја праша Србија во 2008 година за „независноста“ на Косово?

104

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека лицемерието и дволичноста станале „визит-карта“ на западната дипломатија, а Србија во 2008 година никој ништо не ја прашал за независноста на Косово.

„Слушаме многу обвинувања против нас дека не ги почитуваме одредбите на меѓународното право, дека сме на погрешната страна на историјата и дека Западот е на вистинската страна. Добро се сеќаваме на ситуацијата со едностраната декларација на „независноста“ на Косово во 2008 година, кога САД и ЕУ едногласно тврдеа дека создавањето на „Република Косово“ без согласност на Белград не е во спротивност со нормите на меѓународното право. Да ве потсетам, никој не ја праша Србија. Белград јасно го кажа својот став, велејќи дека е против тоа“, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Таа додаде дека денес, 15 години подоцна, западните земји одбиваат да ги следат сопствените рекламирани „стандарди“ во однос на ситуацијата во Украина.