ЗАХАРОВА: Американската антиракетна база во Полска е приоритетна цел

51

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека американската противракетна база во Реџиково (Полска) е „приоритетна цел за потенцијална неутрализација“.

– Со оглед на нивото на закани од таквите воени објекти на Западот, антиракетната одбранбена база во Полска одамна е вклучена меѓу приоритетните цели на потенцијална неутрализација. Доколку е потребно, тоа може да се постигне со употреба на широк опсег на напредни оружја“, рече Захарова – пренесе ТАШ.

Според неа, „клишето за руската закана е неопходно за да се оправда забрзаната милитаризација на Европа пред нејзините граѓани“ и посочи дека сè се прави на штета на решавањето на итните проблеми на европската безбедност.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и НАТО ракетите со краток дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, за која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротистават.