Повеќе летови на српскиот авиопревозник Ер Србија планирани за слетување во Белград, денеска попладне и вечерва се пренасочени на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, објавија српските медиуми.
Според нивните информации, Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е затворен поради технички проблеми, авиосообраќајот повторно ќе биде воспоставен кога ќе бидат санирани проблемите.
Од истата причина и повеќе летови кои се планирани за попландево и вечерва за полетување од Белград бележат доцнење.