Џоан Депаз и Дејзи Линк, затвореници во поправниот центар Тарнер Гилфорд Најт во округот Мајами-Дејд, Флорида, успеале да добијат бебе иако никогаш не се ни допирале!
Депаз и Линк, двајцата во дваесеттите и двајцата обвинети за убиство во одвоени случаи, успеале во овој план откако почнале да комуницираат преку отворите, односно откако се договориле дека би сакале да станат родители.
Како дојде до зачнувањето, прашувате? Сосема едноставно, всушност.
Имено, Депаз почнал да и испраќа ситни предмети на девојчето низ отворите кои успешно стигнувале до нејзината ќелија, па му текнало на идејата да може да ја испрати својата сперма во полиетиленска прехранбена обвивка завиткана во форма на цигара.
„Откако ќе го прикачеше пакувањето на врвката и таа го земаше, мастурбирајќи дури пет пати на ден околу еден месец, Линк го инјектираше семето во себе преку апликатор за лекови за габична инфекција“, се објаснува во написот на „Vice“, а новинарите дознаа уште неколку детали.
„Иако шансите за овој тип на зачнување се многу мали, сепак тие се теоретски можни“, вели д-р Фернандо Аркерман, медицински директор на Центарот за плодност во Мајами.
Бебето е родено на 19 јуни во Меморијалната болница Џексон во близина на центарот на Мајами.
„Моето девојче е чудо од бебе, благослов“, изјавила 29-годишната Линк, која на новинарите им потврдила дека е точна информација што ја добиле од управителот на домот.
„Јас и Депаз можевме да разговараме само преку отворот за вентилација. Така разменивме белешки и фотографии, односно започнавме романтична врска. Тој ги испраќаше семките во фолија свиткани како цигара, а јас го навивав јажето во мојата ќелија“, рече Линк.
Порталот People на приказната додаде дека парот сега е во различни затвори, но сепак комуницираат телефонски и ја гледаат својата ќерка преку видео повици.
Судењето за убиство на Депаз е закажано за мај 2025 година, додека Линк сè уште не знае кога ќе оди пред судија и поротата.