Затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната

39

Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Обединетото Кралство ќе бидат ослободени во обид да се намали пренатрупаноста на затворите.

Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките криминалци, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува Sky news.

Претседателот на Здружението на затворски службеници Марк Ферхерст изјави дека според новата одлука, во првите неколку месеци од затвор ќе излезат околу 5.500 затвореници, пренесува Танјуг.

Новата одлука не се однесува на оние кои сториле кривични дела со казна од четири години или повеќе, како и за криминалците кои сториле тешки кривични дела.

Тие во моментов треба да отслужат две третини од казната во затвор или Одборот за условно ослободување треба да донесе одлука дали може да бидат ослободени.

Затворениците кои ќе бидат пуштени порано во согласност со новата одлука, ќе бидат строго следени, се наведува.