Затворена најголемата фабрика за „Нутела“ поради лош квалитет

101

Најголемата фабрика во светот за производство на кремот од лешник „Нутела“ привремено е затворена. Како што пренесуваат светските медиуми фабриката е затворена поради проблемот со квалитетот.

Станува збор за погон кој се наоѓа во северна Франција во кој инспекцијата се обидува да утврди кои се причините за проблемот.

Оваа фабрика дневно произведува 600 000 теглички „Нутела“, што е една четвртина од светското производство.

Од „Нутела Фереро“ порачаа дека  имаат доволни залихи и дека прекинот во производството нема да влијае на продажбата.