Поради оштетувања на мост, а поради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, повторно е затворена, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Делчево.
Одлуката за повторното затворање на едната лента, како што додаваат, е донесена со решение на државен инспектор за патишта.
За таа цел, упатија известување до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец.
Мостот на магистралата А3 кај селото Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од него беше саниран, но за целосна санација, ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и за можните решенија за трајно решавање на овој проблем.