Застрашувачки случај во Италија: Фатен на дело татко кој намерно го повредувал своето бебе, дури и додека било во болница

239

Полијата во Падова уапси 22-годишен маж од Виченца под сомнение дека го малтретирал својот петмесечен син дури и за време на неговиот престој во болница.

Во полициската акција по налог на обвинителството учествувале агенти на Одделот за борба против криминалот на полицијата во Падова.

Истрагата е покрената откако бебето итно било пренесено во педијатриското одделение во болницата, каде медицинскиот персонал открил повреди за кои биле потребни подетални тестови.

За време на хоспитализацијата, забележано е влошување на здравствената состојба на бебето поради што медицинскиот персонал се посомневал дека причина за повредите не е само здравствената состојба, туку и можни други причини.

Со поддршка на обвинителството, полицијата започнала внимателен надзор кој вклучувал видео надзор Истрагата открила дека таткото, искористувајќи ги моментите кога останал сам со детето во болничката соба без присуство на медицински персонал. му нанел повреди на детето дополнително загрозувајќи ја неговата и онака ослабена здравствена состојба.

„Застрашувачки случај“, изјави началникот на полицијата во Падова, Марко Одорисио.

Доказите се собираат преку прецизни методи на надзор, со што полициските службеници може да го фатат осомничениот на дело.

По извршените проверки, 22-годишникот е уапсен и спроведен во затворот во Падова, каде ќе им биде достапен на правосудните органи.

Мајката, според началникот Одорисио, не била вклучена во настаните и немала сознанија за злоупотребата.

ИЗДВОЕНИ