Стефан Величковски, пејач:“Не верувам во оваа корона болест,мислам дека сето ова е измислено. Успешна лага од луѓе кои сакаат да се богатат, да си го полнат џебот додека народот едвај преживува и се бори за парче леб. Како можат таквите да предвидуваат што ќе се случи во октомври, во ноември, декември…“
(Дуле Миќиќ, Фото:ФБ)
На почетокот на разговорот Стефан Величковски на шега вели дека веќе се препотил, мислејќи на прашањата кои би можеле да му ги поставиме, со оглед на тоа дека не смета за опасни, но кои ја пишуваат само вистината. А, прашањата ниту се многу, само малку, таман колку треба да не се одземе вниманието од она најбитното кое пејачите во последните месеци ги доведе на работ на егзистенцијата. Стефан на сите ни е добро познат како голема “Ѕвезда на Гранд“, но за жал и тој поради пандемијата мораше да остане дома. Разбирливо, не по своја желба ги прекине сите свои музички активности. Не му е лесно, а за сето тоа зборува во ова интервју за весникот ВЕЧЕР/vecer.press
Сè повеќе во светот се случуваат масовни демонстрации против пандемијата/најновата во Берлин со илјадници демонстранти/, бидејќи луѓето сметаат дека ова е една голема измама, а никој не зборува за огромен број оздравени од короната, само за мртвите се потенцира, додека од други болести и онака во светот умираат многу поголем број отколку од короната. Што мислиш кај запнува и дали оваа есен/зима ќе биде уште пострашно или ова е само блед почеток на некоја таканаречена Трета светска војна?
-Јас најискрено не верувам во оваа болест, мислам дека сето ова е измислено. Успешна лага од луѓе кои сакаат да се богатат и да си го полнат џебот додека народот едвај преживува и се бори за парче леб. Како можат таквите да предвидуваат што ќе се случи во октомври во ноември, декември и дали ќе имало трет бран и слично. Како? Според мене треба да не пуштат да си живееме како што си живеевме пред тоа, вака се отуѓивме едни од други. Еј, па и бракови веќе нема да има од пустиот страв да бидеме интимни. Луѓето не ќе можат да си го имаат своето потомство. Трагедија. Веднаш да нè остават на мира, народот треба да си стекне колективен имунитет.
–
Како нашата естрада да ја преживее оваа катаклизма, работа немате или ако и имате тоа е страшно мала несоодветна заработувачка со која не можеш ни сметките да си ги платиш, како ти ја преживуваш пандемијата?
-Ако гледаме реално ние музичарите сме најпогодени од овој вирус. Од ова зло, можам слободно да го наречам како наметнато зло од светските моќници, голем број од моите колеги страдаат и ширум светот. Голем број од нив се невработени како и јас што сум невработен, и немаме никакви финансиски примања. Одеднаш останавме без работа, без пари. Нема свадби, нема родендени, нема прослави, немаме настапи во ресторани, нашите иселеници не дојдоа, авионите не летаат, сè е прекинато.
–
Токму во ова летно време требаше да почне вашата најголема жетва?
-Токму така! Така велиме ние музичарите со тие зборови. За жал, ништо од тоа. Кај и да погледнете сè е пусто. А живот без музика, не е живот. Уште пожално е што не добивме никаква помош од државата за овие неколку месеци колку што сме дома. Сепак, јас се надевам дека за брзо време ќе мора сè да се враќа во нормала, бидејќи во спротивно не знам што ќе се случува со естрадата. Без работа нема паричка, нели?!
До каде си со “Ѕвездите на Гранд“ и дали и ти како и некои македонски пејачи ќе продолжиш со работа во Србија на таа голема естрада, бидејќи не се знае дали ние ќе имаме овде естрада или потоа ќе ја глумиме?
-Оваа година таму не продолжив да се натпреварувам бидејќи сметав дека после две години по ред дојде време да се посветам на моите нови проекти овде во Македонија. Но како што видовме короната го прекина натпреварувањето. Финалето на “Ѕвезде Гранда“ не се одржи и целата сезона пропадна. Штета и за нашите пејачи кои преку тоа големо шоу станаа познати. Ако сè биде како што треба на есен повторно ќе бидам повикан да настапам на таа сцена. Не гледам дека кај нас има барем мал напредок.
Се трудам секогаш да сум во топ-форма!
Нашата музичка сцена е уште далеку од тамошната естрада, ние всушност и немаме ѕвезди, освен што Тоше ни беше вистинската ѕвезда. Ние другите посакуваме да сме од тој тип на популарните, можеби на некој ќе му тргне. Немојте да сме лажно скромни. Секој кој се занимава со естрадата насекаде во светот сака да е популарен, славен и богат. Како што секој кој се натпреварува на “Песна на Евровизија“ сака да победи. Тоа е сè многу логично.
–
Каков карактер си, трпелив, лесно губиш нерви, нервозен, експлозивен, сакаш можеби и да опцуеш, или си тотално искулиран покрај тебе светот може и наопаку да се сврти, со што ги привлекуваш жените, а кои за тебе гласно зборат дека си еден од најзгодните на естрадата, ти што велиш на сè ова?
-Како карактер сум многу мирен, трпелив, сталожен и многу размислувам пред да одлучам да го направам следниот чекор. Инаку, не сум тип кој пцуе. Како помлад не бев таков иако сум сè уште млад аххаххахахааа. Жените се виновни, тие ми го земаат умот. Се шегувам, сè уште умот го имам фала му на господ.
А тоа дека гласно зборуваат за мене дека сум еден од најзгодните на естрадата јас им порачувам, дека треба уште малку да го појачаат тонот за да можам поубаво да ги слушам во зборувањето. Искрено, јас се трудам секогаш да бидам во топ форма, да бидам во друштво на убави девојки, затоа што мислам дека тоа и го заслужувам!