Заради топлото време цената на струјата рапидно расте

Берза на електрична енергија

71

Поради топлотниот бран поскапува струјата на берзата, а тоа е и референтната цена на пазарот на големо. Ова го кажа деновиве директорот на српската берза за електрична енергија, Милош Младеновиќ во телевизиско гостување.

Според него во споредба со март и април, кога цените беа во просек 65 евра за мегават час, во мај тие се искачиле на 80, во јуни на 98 евра за мегават час, а сега мегават час чини меѓу 120 и 125 евра.

Тој рече дека односот меѓу основните и врвните цени на електричната енергија се менува поради големото влијание на соларните централи.

– Очекуваме дека во вториот квартал основната цена ќе биде повисока од највисоката цена на електричната енергија, што претходно не беше случај“, рече Младеновиќ.

Тој посочи дека слични цени се очекуваат и во текот на летото.