Една од најголемите суперѕвезди во НФЛ лигата, Патрик Махоумс, откри прилично шокантен детаљ, а тоа е дека на секој меч од кариерата досега во лигата носел исти гаќи! Со оглед на тоа што бекот на Казнас Сити Чифс е во лигата од 2017 година, тоа изгледа дека шест години ги ги нема променето гаќите.
Ова го откри Чад Хене, долгогодишниот резервен квотербек на Канзас. Хене, кој освои два Супербоула заедно со Махоумс и му беше резервна опција 2018 до оваа година.
- Во недела секогаш носи иста долна облека. Тоа мора да е некакво суеверие и тоа го прави среќен, изјави Хене за неговиот долгогодишен соиграч.
Сепак, тоа веќе не е гласина, бидејќи при посетата на познатите браќа – Пејтон и Ели Менинг, самиот Махоумс откри дека тоа е вистина. Кога сопругата му купила гаќи кои многу му се допаднале, тој решил да ги носи за време на сите натпревари.
- Мојата сопруга Британи ми ги купи, не се шегувам, затоа и морам да ги носам. Кога ги носев во првата сезона имавме прилично добри резултати. Така, сега ги носам само на натпреварите и не се многу износени. Не се валкани гаќи, ги перам, истакна Махоумс.
Сепак, перењето не е толку често, бидејќи, како што вели Махоумс, не ги пере кога неговиот тим ќе победи.
- Ги перам одвреме-навреме, но ако сме во победничка серија, не ги перам. Морам да ги одржувам чисти додека победуваме. Морам да го задржам тоа суеверие, додаде НФЛ ѕвездата.
Ако се прашувате кога последен пат Канзас Сити загуби, тоа беше на 29 октомври кога беа надиграни од Денвер Бронкос со 24:9. Со оглед на тоа што тоа беше само втор пораз сезонава, во куќата на Махоумс е заштедено прашак за перење алишта.