Контроверзниот француски тенисер Беноа Пер, повторно имаше свое шоу на мечот од осминафиналето на АТП турнирот во Буенос Аирес. Скандал мајсторот на натпреварот против Франциско Серундола, ја мина секоја граница на пристојност. Тој се расправаше со судијата, плукаша по теренот во знак на протест, викаше и на крај намерно го загуби мечот.

Меѓутоа, не застана тука, лудилото продолжи на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ Тој по натпреварот напиша дека воопшто не му е грижа за казната, бидејќи заработил милиони во својата кариера.

Се почна во вториот сер, кога незадоволен од една одлука на судијата плукна во трагата каде што удри топчето, по што веднаш беше опомената. Меѓутоа, веднаш по наредниот поен почна да се расправа и да му вика на главниот судија. Во финишот од натпреварот намерно го загуби последниот гем, откако сервираше два метри надвор од теренот.

Тоа што го направи Французинот беше класично непочитување на противникот и играта и затоа од стран на АТП ќе биде драконски казнет. Сепак и ова не беше доволно бидејчи следеше нова бомба од страна на Пер на „Твитер“ каде напиша:

-Заработив повеќе од доволно пари во кариерата и имам да ја платам казната. На мојата сметка моментно има 8,5 милиони долари.