Францускиот тенисер Артур Казо истакна дека заработката на играчот не е толку колку што пишува, на пример, на веб-страницата на АТП. Казо оваа година стигна до осминафиналето на Австралија опен и заработи повеќе од 200.000 долари. Откако платил разни даноци, му останало значително помалку.
„Има некои на мрежата кои велат: „По ѓаволите Казо, 21 година, освои 230.000 долари во Австралија, што е многу, означено е на мојата АТП-картичка, каде што заработив повеќе од милион долари од наградни фондови на турнирите. Воопшто не изгледа така на мојата банкарска сметка“, рече Казо, додавајќи:
„Во Австралија имате данок од 46%. Доаѓате во Франција, од преостанатиот износ имате данок помеѓу 25 и 30%, имате „Урсаф“ (прим. социјално осигурување) кој зема 20%. И така пристигнувате до сума што е четвртина од паричната награда“.
Казо заработил 1.362.480 долари од турнирите во својата кариера, објави веб-страницата на АТП. Судејќи по оваа приказна, јасно е дека сумата е многу помала.