Започна 43-то издание на Скопскиот џез фестивал: „Кремот“ удобно сместен на седиштата, новинарите на скали/ ФОТОГАЛЕРИЈА

116
Фото:П.Стојановски

Со концерт на Сесил Меклорин Салвант, супериорно најдобрата и популарна џез-пејачка во светот, трикратна „Греми“ лауреатка, вечерва во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје започна 43-тото идание на Скопскот џез фестивал.

Како што се очекуваше, најдобрата американска џез-пејачка на денешницата, која настапува со својот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, ја одушеви публиката со својот настап во преполната сала на НОБ.  Секоја нејзина песна, беше поздравена со громогласен аплауз од публиката.

Фото:П.Стојановски

Додека кремот на фестивалската публика удобно уживаше во настапот во своите седишта, единственото непријатно искуство од првата вечер на овогодинешниот Скопски џез фестивал го имаа новинарите. Поради ненумерираните карти за концертот, новинарите кои го следат фестивалот имаа можност само да уживаат во него седејќи на скалите.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не пропушта  важен културен настан како што е Скопскиот џез фестивал.

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со сопругата.

Директорот на Џез фестивалот, Олвиер Белопета.

Публика жедна за добар џез

Во 23 часот во Младинскиот културен центар настапува македонскиот состав Next to Silence, a ќе му биде врачена и наградата за најдобар млад џез музичар на Кирил Кузманов.

Фото: П. Стојановски