Започна 42-издание на „Спартатлон“ во Атина: Катерина Шиповиќ, единствената македонска претставничка на легендарната ултра-трка

21
На 28 септември, по локално време, започна  42-рото издание на легендарната ултра-трка „Спартатлон“, на која ќе учествуваат речиси 400 натпреварувачи од целиот свет. Настанот ќе трае два дена.
Единствената македонска претставничка на оваа престижна трка е атлетичарката на АК АЕРОДРОМ Скопје – Катерина Шиповиќ, Балканска шампионка во ултра-маратон и носител на македонскиот рекорд за 24-часовно трчање, со истрчани 211 километри.
Трката „Спартатлон“ има историска важност и се одвива на релација од 246 километри, од Атина до Спарта. Учесниците имаат рок од 36 часови да ја завршат рутата, која бара исклучителна физичка и ментална подготвеност.
Оваа елитна трка привлекува само најдобрите ултра-маратонци, а учеството е возможно само за оние кои веќе имаат забележителни резултати на претходни натпревари.
Катерина Шиповиќ, како единствен претставник од Македонија, ќе се соочи со огромен предизвик, но нејзините претходни успеси ја ставаат меѓу фаворитите кои ќе ја одбранат честа на своите земји и подвиг кој неможе лесно да се постигне.