Започна утринско и ноќно миење на улиците во Куманово

263

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започна да спроведува активно утринско и ноќно миење на улиците во Куманово. Според објавата на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, освен сообраќајниците, се мие и градскиот плоштад.

Поради портокаловата фаза во којашто се наоѓа нашата држава и препораките кои се донесени од страна на Владата, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“  работат со изменето работно време. Екипите за изнесување на смет се поделени во три смени и тоа: првата ќе работи почнувајќи од 6 часот, втората која досега излегуваше во 13 часот, ќе започне со работа од 17 часот и третата смена останува непроменета од 22 часот.

Бидејќи во периодот од 11 до 17 часот нема да има екипи во централното градско подрачје за изнесување на садовите со смет (екипи кои работеа 24 часа , од претпријатието апелираат до граѓаните што е можно повеќе да се воздржуваат од фрлање на смет во садовите коишто се поставени на јавно прометните површини во овој период.

– Како и да е, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе работат интензивно во останатиот дел од денот и нема да дозволиме во овие топли денови да имаме поголеми застои при изнесување на сметот – уверуваат од претпријатието.