Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја започна реконструкцијата на постоечкиот резервоар во село Копаница кој е изграден од страна на Општина Сарај и е дел од системот за водоснабдување на селата на територија на општината, Копаница и Буковиќ (а, во согласност со развојните планови во иднина ќе треба да се користи и за водоснабдување во селото Ласкарци).
-Експлоатацијата на овој резервоар е повеќе од 15 години, па со откривање на одредени недостатоци кои делуваат на неговата оперативност и функционалност, е утврдено дека е потребно да се превземат активности за негова реконструкција, а тоа опфаќа: хидроизолација на внатрешните и на надворешните ѕидови, замена на дотраените и оштетените делови од резервоарот (вентилациони капи, одводна решетка и сл.), како и изградба на заштитна ограда околу резервоарот, доградба на пристапниот пат и чистење на оградениот простор – соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ .
Вкупната инвестиција на ЈП „Водовод и канализација“ за реализација на предвидените активности изнесува 4.036.000 денари со ДДВ.
Со реализацијата на оваа реконструкција ќе се намалат загубите на вода од овој систем, а ќе се подобри и водоснабдувањето во овој дел од град Скопје.