Замрзнување на крилата можна причина за авионската несреќа

67

Експертите за воздухопловство веруваат дека замрзнување на крилата на приватниот авион со кој патуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, можно е да бидат причина за исчезнување на леталото, објавија британските медиуми.

Според нивното мислење, пораките на 28-годишен играч објавени на социјалните мрежи во кои пишувал дека авионот ќе се сруши, би можеле да бидат предизвикани од формирањето на мраз на крилјата, појава која Сала ја видел.

Вечерта на 21 јануари, Сала се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и со изнајмен приватен авион замина кон Велс за да потпише договор со Кардиф Сити. По некое време по полетувањето, авионот исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. На местото на исчезнувањето во тек е операција за пребарување и спасување. Откриени се метални предмети кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион.