Замрзна Охридско Езеро на повеќе места

50

Замрзна дел од крајбрежјето на Охридско Езеро во близина на Женска плажа во Струга. Ниските температури кои ноќе достигнуваат и до минус 16 степени Целзиусови доведоа до мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид. Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“.

Повозрасните стружани велат дека ваквата појава била честа порано, односно се случувало мразот да достигне дебелина и од неколку сантиметри. Но, велат тие, последните години климата е променета и во зима нема толку ниски температури како некогаш. Стружани се сеќаваат на поголем мраз на езерото пред десетина години.