Замина „таткото“ на Хигсовиот бозон: Почина нобеловецот Питер Хигс

380
EPA-EFE/J.l.cereijido *** Local Caption *** 51054531

Нобеловецот и физичар Питер Хигс, по кого го доби името Хигсовиот бозон, почина на 94-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди Универзитетот во Единбург.

Во 1964 година, Питер Хигс, заедно со уште пет други физичари, предложи теорија која го објаснува потеклото на масата на елементарните честички.

Оваа теорија, подоцна наречена Хигсов механизам, имплицира постоење на Хигсовиот бозон, кој беше откриен дури во 2012 година во експериментите ATLAS I CMS во Големиот хадронски судирач во Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).

Се декларирал како атеист

Хигс се декларирал како атеист, па не бил воодушевен што неговиот бозон се нарекува Божја честичка, бидејќи „може да ги навреди религиозните луѓе“.

Поради астма пропуштил многу часови и главно се школувал дома. Тој израснал во Бристол, каде што се истакнал како одличен математичар во гимназијата.

Студирал теоретска физика на Кингс колеџот во Лондон. Бил вработен како професор на Универзитетот во Единбург, а напишал труд за постоењето на бозоните во 1964 година.

Се пензионираше во 2006 година

Хигс се пензионираше во 2006 година и оттогаш од далечина следи што се случува во ЦЕРН. Живеел во стан во квартот Њу Таун во Единбург, опремен во ретро стил од 70-тите. Имаше огромна колекција на плочи за класична музика и книги за сликарство уредно распоредени по азбучен ред.

Хигс и неговиот колега Франсоа Енглерт беа наградени со Нобеловата награда за физика во 2013 година за нивната работа на формулацијата на Хигсовиот механизам.