Заземена и последната зона во Сирија контролирана од ИД

59

Сириските демократски сили (СДС) ја зазедоа последната елклава контролирана од ИД во источна Сирија, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Според нив, последните џихадисти во реонот на селото Багуз близу границата со Иран се предале на Сириските демократски сили. Засега нема потгрда од независен извор за таа информација.

Стотици џихадисти од кои многумина странци, им се предале на СДС во изминатите два дена. СДС во која доминираат од курдската колаиција, порази џихадисти во источна Сирија со помош на американски воени удари.

Согласно постигнатиот договор, 440 припадници на ИД ќе се предадат во текот на денот на СДС, јави телевизијата Ал Мајадин. Според либанската телевизија, џихадистите држат на територија помала од еден квадратен километар голем број цивили како жив штит.