Најнова вест:Премиерот Заев слета во Софија

76

Авионот во кој се наоѓаше премиерот Заев заедно со државната делегација што присуствуваше на Економскиот форум во Давос слета во Софија.

Како што веќе објавивме, авионот со во кој се наоѓаше премиерот Заев заедно со државната делегација што присуствуваше на Економскиот форум во Давос поради снежното невреме коешто вечерва го зафати Скопје не можеше да слета на скопскиот аеродром. Авионот, според наши информации, половина час кружеше на небото над главниот град по што беше пренасочен на аеродромот во Софија.