Македонскиот шефот на Владата, има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат. Во неговата животна приказна, што ја раскажа за српски Курир, тој објаснува како од продавач на лубеници дошол до најважната позиција во државата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил својот прв милион и зошто понекогаш сака да избега на мотор од сите проблеми.

Заев во интервјуто откри дека продавал овошје и зеленчук, односно лубеници, домати и пиперки на пазарот во Горњи Милановац и дека првите милиони му се заработени токму од Србија.

-Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана. И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.

Тој додаде дека капиталот бил создаден на пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

„И син ми и ќерка ми знаат дека капиталот е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, истакнал тој.