Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, вршат притисок врз останати пратеници во врска со нивните гласови за Законот за Јавно обвинителство, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата во седиштето на партијата.
„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, генерално осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисок врз пратениците“, рече Заев.