Заев најави тужба против австрискиот амбасадор

194

Откако преку допис, Амбасадата на Австрија, споменувајќи го името на Зоран Заев, го искритикува македонскиот правосуден систем, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриска и валандовската фирма за производство на корнишони, поранешниот премиер побарал извинување и најавил тужба.

Неговата реакција доаѓа по соопштението што го испрати австриската амбасада до медиумите во кое бара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвинува дека Австријците не може да наплатат долг од 4,5 милиони евра иако имало пресуда на Меѓународниот арбитражен суд во Виена.

Во отвореното писмо до медиумите од Амбасадата на Австрија, преку амбасадорот Георг Вуцас, тврди дека спорот се води меѓу австриската компанија и валандовската фирма поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев вчера попладне, како што известува Телевизија 24, испратил реакција во која побарал извинување од амбасадата  и најавил тужба што неговото име се споменува во овој случај.

Амбасада на Австрија со критики за правосудниот систем во земјава: Селективната правда не е правда, тоа е неправда