Заев му одговорил на Боки 13: Ова е чист рекет

300

Поранешниот премиер Зоран Заев и осомничениот Бојан Јовановски имале вибер комуникација уште пред да започне истрагата за случајот Рекет. Скрин шотови  од нивни разговори Боки 13 и ги испраќал на својата мајка Јасминка на 16 април 2019. На денешното рочиште беше објавена и содржината од разговорите меѓу Заев и Боки 13:

Боки 13: Те молам да ме примиш. Твоето име никогаш не сум го злоупотребил и за се што сум знаел прво тебе сум ти пишувал. Јас сум ти пријател и другар не се служам со дворски игри па те молам да се видиме.

Зоран Заев: Ги видов доказите, огорчен сум и пред сериозни одлуки. Ова што се случува е грозно и јас како претседател на Владата, сум должен и ќе постапам.

Боки 13: Ви кажувам во име нап ознанството и меѓусебното почитување да ме примите. Никогаш не сум играл дупло, не сум го злоупотребил вашето име.

Зоран Заев: Ќе се видиме и ќе се соочиме. Ова е чист рекет.

Инаку истрагата за Рекет е отворена на почеток на мај 2019 откако Камчев пријавил кај Заев.