Заев и Мицкоски со меѓусебни обвинувања за случајот „Рекет“

68

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  вели дека случајот Рекет е всушност поткуп организиран од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заради нелегално финансирање на политичката кампања на партијата со пари од бизнисменот Орце Камчев.

-Нелегално финансирање на кампања, земање пари од Орце Камчев за да може да го организираат целото ова поткуп во делот на Рекет заради ваши политички поени „заради пари, и ништо друго не ве интересира“, рече Заев во ТВ дуелот со Мицкоски на ТВ 24.

Во врска со изјавата на осудениот во случајот Рекет по објавувањето на пресудата за Бојан Јовановски за тоа каде се парите, Заев рече дека во судски процеси се доставуваат сите докази дали постојт или не. Орце Камчев, додаде, е во многу честа корелација со Мицкоски и е најголем финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, и кампањите на таа партија, освен Груевски кој е, вели, можеби поголем финансиер на партијата. Во однос на пораките кои Јовановски ги испраќа за некаква помош, вели Заев, тој можел да се заканува колку сака, но безуспешно, бидејќи тој лично го пријавил делото кај државниот јавен обвинител и кај обвинителката Вилма Русковска.

-Таа организациска шема која е направена во целиот тој период за да се направи поткуп денеска одговаарт тие луѓе. и тоа –  газда на медиум кој што бил провладин одговара, специјален јавен обвинител одговара. Законот важи еднакво за сите времињата се сменија… За разлика од некој кој тоа го мотивирал и го организирал јас го привавив случајот и на јавниот обвинител и на Русковска, рече Заев посочувајќи дека Мицкоски стои зад тоа, а со цел за пари, за да ја заштити Империја и да падне СЈО, а предметите да не се процесуираат.

Мицкоски реплицираше дека никој не го повикал Заев за да го испита тоа што го тврди Јовановски за тоа каде завршиле рекетираните пари и праша каде е документот дека случајот бил пријавен во суд или обвинителство. Ги отфрли обвинувањата дека партијата го прекршила Изборниот законик во однос на финансирањето на партијата.

-Државниот ревизор го прегледа финансиското работење и за кампањата на Гордана Силјановска Давкова и за редовното финнасирање на партијата и врз основа на тоа констатираше дека наодот е позитивен односно е за степен подобар од годините порано, рече Мицкоски.