Премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина која викендов се одржа во Штип најави зголемување на минималната плата ќе биде за над 1.000 денари и покачување на пензиите какво што не е видено досега. Тоа значи дека се очекува минималецот, кој сега е 12.500 денари да се зголеми за 1.000 денари, но нема да достигне 16.000, сума која ја бараа некои од синдикатите.
Тој ја најави и нова мерка со која на секој газда кој ќе ја зголеми платата до 100 евра ќе биде ослободен од плаќање придонеси.
-Просечната плата за две години е зголемена за 2.000 денари. Сега ја отвораме и новата мерка, планот е од 1 ноември да почнеме со реализација на мерката на субвенционирање на придонесите од покачени плати. Законот е готов, разговараме со сите засегнати страни, ги мериме сите вредности и ќе овозможиме на секој газда и менаџер што за нашиот народ, од која било дејност, за вкупно 758.000 вработени граѓани во оваа наша земја, ако ја зголемат платата до 100 евра придонесите ќе ги платиме ние од државата и пензиско и здравствено ние ќе ги платиме. Само да растат платите во државата, рече Заев.
Премиерот најави дека во 2020 ќе следи и покачување на пензиите какво што досега не е видено.
– Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори туку ги зголемуваме согласно закон. Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери. Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено, рече Заев.