Премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук посочува дека Владата посветено создава уште поголеми поволности за поддршка на приватниот сектор.
-Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување и предвидлив деловен амбиент и како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Промоцијата на ТОП 100 најуспешни компании на Стопанската комора на северо-западна Македонија е силен поттик за претпријатијата кои оствариле најдобри резултати во претходната година, за да продолжат со создавање култура на деловна мотивираност и промовирање на здрава конкурентност. Сето тоа влијае на подобрување на продуктивноста, зголемување на бројот на вработените, како и севкупен економски раст, пишува на профилот на Фејсбук на Заев.