Заев-Ахмети: Прво внатрепартиски разговори, потоа на лидерско ниво за зајакнување на кадровските капацитети

151

Прво партиски консултации па продолжување на разговорите на лидерско ниво за зајакнување на капацитетите на институциите во Владата, е договорот на поладневната средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата во Владата, што траеше околу еден час и 30 минути, а со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт договорено е дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

-Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, се истакнува во соопштението на Владата.