Загубите на австриските трговци ќе достигнат 350 милиони евра неделно

30
epa08362372 A woman wearing a face mask walks through downtown Vienna, Austria, 14 April 2020. From today on, non essential stores with a shop area under 400 square meters, hardware stores, garden centres and federal parks are allowed to reopen under strict safety measures to slow down the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. The government has ordered to wear face masks in supermarkets, pharmacies, various kind of opened shops, public transportation and car pools. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Директорот на австриското Здружение на трговци Рајнер Вил нагласи дека откако во Австрија стапи на сила карантинот за невакцинирани, трговците во таа држава имаат третина помалку клиенти. Според него, загубата на прометот ќе биде огромна, а здружението смета на дефицит од околу 350 милиони евра неделно.
Вил потсетува дека сега е време да се купат новогодишни подароци, поради што стотици илјади вработени во продавницата стравуваат за божиќниот бонус.
Падот на прометот и посетите на клиентите се сега, особено за време на празничната сезона, посебно очигледни, додаде Вил. Од друга страна, оние кои доаѓаат во продавниците се изложени на ригорозни контроли и казни, во случај да ги заборават документите за 2G.
– Дополнително, додека бројот на купувачи се намалува, трошоците за персонал, кирија и струја остануваат, забележува Вил и додава дека трговците се соочуваат со хаос поради правилата за 3G на работното место и поради недоволното проширување на капацитетите за тестирање
Поради тие ограничувања, директорот на Австриското здружение на трговци побара итна и насочена помош за трговците.