Ново истражување покажа дека лилјаците редовно се заразуваат со неколку вируси во исто време, што е значајно бидејќи покажува потенцијал за постоечките вируси да заменат делови од нивниот генетски код, во процес познат како рекомбинација, за да создадат нови патогени.

Нов вирус сличен на САРС-КоВ-2 со потенцијал да зарази луѓе и животни е идентификуван кај лилјаците во јужна Кина, покажа новото научно истражување. Кинески и австралиски научници земаа примероци од 149 лилјаци низ провинцијата Јунан, која граничи со Лаос и Мјанмар, и идентификуваа пет вируси кои најверојатно се патогени за луѓето или животните, пишува „Дејли меил“ повикувајќи се на истражување на научниците.

Вирусот, познат како BtSY2, е тесно поврзан со САРС-КоВ-2 и е еден од петте „загрижувачки вируси“ пронајдени кај лилјаците во кинеската провинција Јунан, кои „веројатно ќе бидат патогени за луѓето или добитокот“, велат научниците, пренесе „Дејли мејл“.

Истражувањето го водеа истражувачи од Универзитетот Сун Јат-сен во Шенжен, Институтот за ендемска контрола на болести Јунан и Универзитетот во Сиднеј.

– Идентификувавме пет вирусни видови кои се веројатно патогени за луѓето или добитокот, вклучително и нов рекомбинантен коронавирус сличен на САРС, кој е тесно поврзан со САРС-КоВ-2 и 50 САРС-КоВ- се вели во студијата.

За целите на студијата, истражувачите собраа ректални примероци од 149 индивидуални лилјаци кои претставуваат 15 видови, во шест окрузи или градови во кинеската провинција Јунан.

РНК – нуклеинската киселина присутна во живите клетки – беше извлечена и секвенционирана поединечно за секој лилјак.

Загрижувачки е тоа што истражувачите забележале повеќе случаи на повеќе вируси кои заразиле еден лилјак во исто време. Ова може да предизвика постоечките вируси да заменат делови од нивниот генетски код за да формираат нови патогени, според професорот Џонатан Бол, виролог од Универзитетот во Нотингем.

– Главната порака што можеме да ја извлечеме е дека поединечните лилјаци можат да содржат многу различни видови  вируси, повремено да бидат нивни домаќини во исто време – рече професорот Бол, кој не беше вклучен во истражувањето, пренесе N1