Загриженост меѓу австриските нудисти:Жичница со туристички кабини ќе минува директно над нудистичка плажа во Виена

190
Нудистите во Австрија се вознемирени поради плановите за жичница која би поминува преку популарната плажа на северниот раб на Виена каде што носењето костими за капење не е обврзно.
Австриската новинска агенција ја цитираше нудистката Барбара Хаусјел која кажа дека стравува за својата приватност ако на корисниците на жичницата им биде дозволено со камерите од мобилните телефони да поминуваат во тоа подрачје, пренесува АП.

„Не сакам да завршам на интернет“, изјави 72-годишничката за агенцијата А

Инвеститорот на проектот Ханес Дејако се обиде да ги смири нудистите, потврдувајќи дека жичницата ќе поминува над плажата само накратко. Покрај тоа, прозорците би можеле да бидат непроѕирни, изјави тој.

Промотивното видео за проектот со жичарата вели дека таа ќе поаѓа од транзитната станица Хајлигенштад преку Дунав, а потоа назад до Каленберг, мала планина на северот од Австрија.
Околу 115 кабини со панорамски прозорци би нуделе „прекрасен поглед на Виена“, се наведува во проектот.