На големо се шпекулира дека хрватскиот ракометен шампион Загреб, веќе има спремно замена за тренерот Андрија Николиќ кој по поразот во ЛШ од Магдебург на гости (24:36) заедно со асистентот Иван Чупиќ си поднесоа оставка која беше прифатена.
Според „Балкан Хендбал“ нов тренер на хрватскиот шампион треба да биде Велимир Петковиќ, тренер со долгогодишно искуство во Бундеслигата (Гепинген, Берлин), а последно работеше како селектор на ракометната репрезентација на Русија.
Унгарскиот Веспрем, пак бара нова голема ѕверка што ќе ја донесе во својот тим. Покрај понудите за данскиот голман Емил Нилсен и францускиот десен бек Дика Мем, како и уште неколку играчи на Барса, наводно е заинтересирана и за услугите на португалската ѕвезда Мартин Кошта, кој моментно настапува за Спортинг.