– Мотоциклист починал откако вчера на автопатот Скопје – Велес во близина на селото Катланово излетал надвор од коловозот.
Како што информираат од МВР, вчера во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Мотоциклистот починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.