Оваа убавица требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.
Аријана Виера (26), Мис Венецуела, загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида во јули оваа година. Оваа убавица требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.
За жал, Аријана загинала во сообраќајна несреќа, а тоа го откри нејзината мајка Вивијан Очоа. Таа тврди дека нејзината ќерка од замор заспала додека возела и удрила во возилото пред неа.
Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и двапати ја реанимирале нејзината ќерка, но таа починала на пат кон болница.
-Успешно ја реанимираа, но потоа доживеа срцев удар. Починала кога ја однеле на трауматологија – изјавила за медиумите, пренесува „The Sun“.
Манекенката се подготвувала и да учествува на избор за убавина во Њујорк. Она што многумина ги шокираше е тоа што оваа девојка пред само неколку месеци објави чудно видео на кое како да ја предвидува својата смрт.
Таа снимаше за „нејзиниот погреб“.
-Се снимам за идниот погреб затоа што на видеата секогаш сум јас, никој друг не го прави тоа – напиша таа под видеото кое го објави на социјалните мрежи.
Инаку, локалните медиуми јавуваат дека таткото на жртвата, кој живее во Перу, се обидел навреме да организира виза за да присуствува на погребот на неговата ќерка на 16 јули, но документот наводно му бил издаден ден подоцна.